Лавров за „Голема Албанија“: Тоа е неприфатливо и штетно, претставува провокација

epa09139946 Russian Foreign Minister Sergei Lavrov (R) and Serbian Foreign Minister Nikola Selakovic (L) attend their press conference after meeting in Moscow, Russia 16 April 2021. Serbian Foreign Minister Nikola Selakovic is on a working visit to Moscow. EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ја отфрли можноста од прекројувањето на границите на територијата на поранешна Југославија.

На заедничката конференција за новинари по разговорот со српскиот колега Никола Селаковиќ, Лавров рече дека идеите за „Голема Албанија“ како форми за решавање на косовскиот проблем како и изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша дека распадот на Југославија се уште не е завршен, се „неприфатливи“, многу штетни и провокативни“.

Разговорите за „голема Албанија не се појавија денеска, ние секогаш со партнерите ЕУ и НАТО ги повикуваме таквите планови да се пресечат и да не се дозволи форсирање на таква реторика“, рече Лавров.

„Тоа е многу опасна игра. Постои резолуцијата 1244 која никој не ја укинал, и одговорните политичари, пред се шефовите на владите на европските држави, немаат право да изнесуваат идеи кои ја поткопуваат концепцијата која е изложена во резолуцијата 1244“, рече Лавров.

Тој потсети дека со таа резолуција се почитува суверенитетот на Србија, како и статусот на Косово треба да биде најден во преговорите меѓу Белград и Приштина. „Како што зборуваше претседателот Путин, ќе поддржиме било кое решение кои и одговара на Србија“, наведе Лавров.

Селаковиќ на прашањето дали Вашингтон врши притисок врз Србија да се приклучи кон санкциите за Русија рече дека „притисок секогаш постои“, но дека позицијата на Србија не се менува, зошто таа „никогаш нема да воведе санкции кон Русија“:

-Русија е нашиот стратешки партнер, наш пријател кој константно не поддржува, додаде Селакович, кој ја завршува дводневната посета на Русија.

Извор: Бета

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот