Лавров: Укинувањето на санкциите треба да е дел од преговорите со Украина

Сергеј Лавров/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Укинувањето на санкциите наметнати на Русија треба да бидат дел од мировните преговори меѓу Москва и Киев, кои се „тешки“, но продолжуваат секојдневно, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров .

Киев вчера предупреди дека разговорите за ставање крај на руската инвазија, која веќе е во трет месец, се во опасност од колапс, пренесува Ројтерс.

„Во моментов, руската и украинската делегација всушност разговараат на дневна основа преку видео-конференција за нацрт на можен договор“, рече Лавров во коментарот за кинеската официјална новинска агенција Ксинхуа објавени на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистираше од почетокот на инвазијата на 24 февруари дека западните санкции кон Русија треба да се зајакнат и дека не можат да бидат дел од преговорите.

Украина и Русија не одржуваат мировни преговори лице в лице од 29 март, а атмосферата се влоши поради украинските наводи дека руските војници извршиле злосторства додека се повлекувале од областите во близина на Киев. Москва ги отфрли овие тврдења.

„Агендата на разговорите, меѓу другото, ги вклучува и прашањата за денацификацијата, признавањето на новите геополитички реалности, укинувањето на санкциите, статусот на рускиот јазик“, рече Лавров, без да даде детали.

„Ние сме за продолжување на преговорите, иако тие се тешки“, рече Лавров.

Западните сојузници на Украина воведоа огромни санкции кон Москва. Тие замрзнаа околу половина од државните златни и девизни резерви на Русија, удирајќи ја руската економија и ставајќи ја на работ на суверено неплаќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот