Лавров: Турција мора да направи разлика меѓу терористите и опозицијата во Идлиб

Фото: Профимедиа

Анкара мора да ги почитува своите обврски и да прави разлика меѓу терористите на движењето Џабхат ал-Нусра и сириската опозиција за да ги елиминира тензиите во Идлиб, порача рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а пренесе „Б92“.

– Тероризмот е практично искоренет во цела Сирија. Леглото останува во зоната на Идлиб која и тоа мора да се елиминира по договорот на Русија и Турција. Затоа, Турција, мора да ги почитува своите обврски да направи разлика меѓу патриотски определената опозиција и терористите на Џабхат ал-Нусра кои се таму. Тие ги менуваат имињата, но всушност остануваат исти – рече Лавров пред студентите на Дипломатската академија во Ереван.

Исто така, тој укажа на уште едно жариште на тензиите на источниот брег од реката Еуфрат, каде според Лавров, главна причина за него е „апсолутно нелегитимното“ присуство на американските сили, пренесе „ТАС“.

Сепак, борбата против тероризмот продолжува во Сирија во рамките на соработката на Русија, Турција и Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот