Лавров: Тешко дека ќе ги повлечеме мировните сили од Транснистрија

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/Ministry of Foreign Affairs of the Russian Federation

 Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва тешко ќе го прифати барањето на новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду, за повлекување на руските мировни сили од Транснистрија (Придњестовска Молдавска Република).

– Не ни е најјасно што мислеше Санду кога рече дека треба да се повлечат руските мировни сили, но тоа нема да помогне во решавање на прашањето и ќе биде навистина тешко да се прифати такво неодговорно барање, исткана Лавров.

Тој додаде дека „за одржување на добрите односи со која било држава потребно е да се почитуваат интересите на двете старани, како и претходните договори”.

Лавров истакна дека руските мировници се расопредени во конфликтната зона во согласност со договорот што го постигна работната група „Пет плус два” под покровителство на ОБСЕ, и оти нивната цел е да се одржи мир во регионот.

Придњестровие е автономна проруска област во составот на Молдавија, но всушност од 2 септември 1990 година е независна територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот