Лавров со повик до Азербејџанците и Ерменците: Престанете со борбите и седнете на маса да преговарате

Фото: EPA-EFE/Sashenka Gutieerez

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во телефонски разговор со шефовите на дипломатиите на Ерменија и на Азербејџан, Зограб Манкаканијан и Чејхун Бајрамов, денеска побара итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах.

– Во разговорите беше разгледана ситуацијата во зоната на конфликтот. Русија изрази сериозна загриженост во врска со континуираните борбени операции во Нагорно-Карабах. Испративме повик за итен прекин на огнот и деескалација на тензиите”, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи (МНР).

Руското МНР додава дека Лавров ја истакнал потребата двете страни под итно да се вратат на преговарачката маса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот