Лавров: Русија е подготвена да работи на подобрување на билатералните односи со САД

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров истакна дека е малку веројатно да дојде до влошување на односите меѓу Русија и САД во блиска иднина.

Тој во интервју за весникот „Аргументи и факти“, рекол дека многу проблеми се насобрале во билатералните односи, како и дека тие не ги создало однесувањето на Русија, пренесе ТАС С.

– Воспоставувањето на билатералните односи е двостран процес. Нашата земја е подготвена да работи на тоа и тоа сме го кажале многу пати – рекол Лавров.

– Нашите односи за клучна работа за обезбедување на стабилноста и предвидливоста во надворешните работи. Сепак, не зависи се од нас, велат дека за танго се потребни двајца – рече Лавров.

Тој додал дека Русија и САД имаат посебна одговорност како две најголеми нуклеарни сили и постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот