Лавров: Повлекувањето странски војници, оружје и опрема се однесува и на Бугарија и Романија

Сергеј Лавров
Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Повлекувањето на странски војници, оружје и опрема се однесува и на Бугарија и Романија како две земји кои не биле членки на НАТО во 1997 година, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одговарајќи на прашањата од медиумите што Министерството за надворешни работи на Русија ги објави денеска на својата веб-страница.

Москва бараше правно обврзувачки гаранции од НАТО дека блокот ќе престане да се шири на исток и ќе се врати на границите од 1979 година.

На прашањето што значи тоа за Бугарија и Романија, кои се приклучија на НАТО по 1997 година, Министерството наведува дека Русија сака сета странска опрема и војници да се повлечат од тие земји, пренесува агенцијата ТАСС.

– Станува збор за повлекување странски војници, опрема и оружје, како и за други чекори насочени кон враќање на ситуацијата од 1997 година во земјите кои во тоа време не беа членки на НАТО. Тоа ги вклучува и Бугарија и Романија, рече Лавров.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот