Лавров: Политичарите од западот одамна сфатија дека Крим е на Русија

Фото: Профимедиа

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека западните политичари одамна сфатија дека Крим е дел од Русија, но оти тоа прашање се користи за „ограничување” на Русија.

– Тие кои не се свесни дека Крим е руски и дека три децении беше надвор од Русија поради игра ба судбината и спротивно на желбите на неговите жители, воопшто не ја разбираат историјата, истакна Лавров во Советот на Федерацијата, Горниот дом од рускиот Парламент.

Тој додаде дека „трезвените луѓе одамна сфатија се” за тоа прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот