Лавров: Нова „железна завеса” се спушта меѓу Русија и Западот

Сергеј Лавров/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се спушта нова „железна завеса” меѓу Русија и Западот по офанзивата на Москва во Украина.

– Што се однесува до Железната завеса, во суштина, таа веќе се спушта, изјави Лавров пред новинарите Минск, главниот град на Белорусија. Процесот е започнат, додаде тој.

Лавров, исто така, оцени дека односите меѓу Русија и Европската Унија повеќе не постојат.

– (Европската Унија) ги уништи односите што беа градени со децении меѓу нас и ЕУ, рече шефот на руската дипломатија, додавајќи дека Москва е сè уште отворена за преговори.  Можам само да кажам дека отсега нема да им веруваме ниту на Американците ниту на ЕУ. Ќе направиме се што е потребно за да не зависиме од нив во критичните сектори, рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека самитот на НАТО во Мадрид уште еднаш покажа дека земјите-членки очекуваат безусловна послушност, пренесува руската прорежимска агенција ТАСС. Лавров ги повика САД.

„Верувам дека на сите им е очигледно што очекуваат. Тие не се воздржуваат да зборуваат за тоа, а тоа уште еднаш го кажаа и вчера на самитот на НАТО во Мадрид. Очекуваат безусловна послушност на нивната волја од сите земји, одразувајќи ги нивните себични интереси, пред се американските интереси“, рече Лавров.

„Европа ги почитува ставовите на САД“

Лавров истакна дека модерна Европа, претставена од ЕУ, ја губи својата независност или знаците на независност што ги имаше. Тој додава дека Европа се покорува на ставовите наметнати од САД и посочува дека тоа важи и за економските санкции кои се воведени кон Русија.

„Ако ги споредите санкциите наметнати од европските земји кон Русија и Белорусија со санкциите што ги воведоа Соединетите Држави, можете да видите дека САД се благи кон себе и се трудат да не бидат премногу активни во области кои сериозно ќе и наштетат на нејзината економија“, тој рече.

Рускиот министер за надворешни работи истакна дека САД ги трпат негативните ефекти од санкциите, но верува дека Европа страда многу повеќе. Лавров вели дека САД сакаат да ја ослабат и Русија и ЕУ. „ЕУ е во конкуренција со САД“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот