Лавров: Неопходна е соработка за деескалација на состојбата во Идлиб

Фото: Профимедиа

Западните земји не треба да ги повторуваат сопствените грешки користејќи ги терористите за да ги постигнат своите геополитички цели, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на прес конференција во Москва.

Тој оцени дека надворешните играчи треба тесно да соработуваат во сите фази за да се обезбеди деескалација во Сирија и да се спречи било каква криза.

-Тоа е наша цел во дијалогот со колегите од ЕУ, НАТО и САД – рече Лавров, пренесува Тасс.

Тој истакна дека Москва ја потврдува целосната посветеност на договорите за Идлиб кои ги постигнаа рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган и ја повика Анкара да почне да се однесува во согласност со нив.

Рускиот министер наведе дека договорите се однесуваат на тоа што мора да се направи во зоната за деескалација во Идлиб, односно на одвојувањето на нормалната опозиција од терористите, демилитаризацијата на внатрешниот појас во таа зона на начин никој оттаму да не може да ги гранатира позициите на сириската војска и руската воена база, како и обезбедување на непреченото користење на автопатиштата што минуваат низ таа зона, пренесе руската агенција.

-Тоа останува наша заедничка цел со турските колеги. Од суштинско значење, сепак, е да се почне со спроведување на овие договори, бидејќи работите не се прават како што треба веќе 1,5 година – рече Лавров.

Тој изјави дека Русија и Турција се подготвени да ја продолжат соработката за Сирија.

На прес конференцијата во Москва, Лавров кажа и дека Русија побарала од Сирија да ја прекине офанзивата во Идлиб за да можат да се евакуираат повредените лица. Но, дополни дека Русија не може да ја спречи сириската армија да реагира на терористичките активности во Идлиб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот