Лавров му укажал на Помпео дека убиството на Сулејмани е кршење на меѓународното право

Лавров истакна дека намерните постапки на земја-членка на ОН, насочени кон ликвидација на службеник на друга земја-членка на ОН, особено на територијата на трета суверена држава, без претходно известување, е грубо кршење на принципите на меѓународното право и дека тоа треба да се осуди, се наведува во соопштението на руското Министерство.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека убиството на иранскиот командант Касем Сулејмани претставува кршење на меѓународното право, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението, Лавров и Помпео разговарале за ситуацијата во врска со убиството на Сулејмани за време на воздушниот напад на американските војници на аеродромот во Багдад.

– Лавров истакна дека намерните постапки на земја-членка на ОН, насочени кон ликвидација на службеник на друга земја-членка на ОН, особено на територијата на трета суверена држава, без претходно известување, е грубо кршење на принципите на меѓународното право и дека тоа треба да се осуди, се наведува во соопштението на руското Министерство.

Лавров го повика Вашингтон да стави крај на „нелегалните насилни тактики” и да ги решава проблемите на преговарачка маса.

– Рускиот министер истакна дека овој потег на САД е со сериозни последици за мирот и безбедноста во регионот и дека не помага во напорите да се изнајдат решенија за тешките прашања што се насобрале на Блискиот исток. Напротив, тоа води до нов бран на ескалација, се додава во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот