Лавров: Москва предложи Путин и Бајден да разговараат за контролата на оружјето

epa02625270 U.S. Vice President Joe Biden (L) shakes hands with Russian Prime Minister Vladimir Putin (R) during their meeting in Moscow, Russia 10 March 2011. Joe Biden is on a three-day visit in Russia. EPA/MAXIM SHIPENKOV

Москва предложи да се разговара за контролата на оружјето и безбедносните прашања на евентуалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров рече дека Москва сè уште чека одговор од Вашингтон за предложениот самит на двајцата лидери.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ I Трагедија во Русија: Најмалку 11 мртви откако две лица пукаа во средно училиште

Амбасадорот на САД за разоружување Роберт Вуд рече дека подготовките за разговори меѓу двајцата лидери се во тек.

„Бајден и Путин се согласија да се разгледаат разговорите за стратешка стабилност за контролата на оружјето и безбедносните прашања”, рече тој на виртуелната конференција за разоружување на Обединетите нации.

Видео на денот