Лавров: Москва ќе има соодветен одговор на секаков американски чекор

Фото: Профимедиа

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија нема да се двоуми да одговори на какво било распоредување балистички ракети од страна на САД.

– Ќе имаме идентична реакција, како во огледало, изјави Лавров, прецизирајќи дека Москва ќе има соодветен одговор на секаков американски чекор.

Русија предложи мораториум на распоредување нуклеарни проектили од среден и кус дострел во Европа, откако Договорот за ликвидација на ракети од среден и кус дострел од 1988 година и формално заврши во август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот