Лавров: Критиките на сметка на СЗО се неправедни

Сергеј Лавров/ Фото Архива на Слободен печат

Вашингтон го запре финансирањето на СЗО и ја обвини агенцијата за исклучително погрешно управување со пандемијата од корона вирусот.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека критиките на сметка на Светската здравствена организација за наводно криење на информацииза ширењето на корона вирусот се неправедни.

– Специјалните агенции на ОН остануваат механизам за мултилатерална соработка во релевантни области, и не постои алтернатива за нив, истакнува Лавров за време на видеоконференција која претставуваше предавање за студенти на рускиот универзитет „MGIMO“.

– Тоа во потполност се однесува на активностите на СЗО. Веруваме дека критиките на сметка на оваа организација и обидот да и се припише одговорност за она што се случува се апсолутно контрапродуктивни и неправедни. Во сите фази од кризата, според нашето мислење и според оценките на поголем број држави, организацијата делуваше професионално, преземајќи навремени проактивни чекори и притоа споделувајќи информации и препораки за сите држави, истакнал Лавров.

На 14. април американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон ќе го запре финансирањето на СЗО и ја обвини агенцијата за исклучително погрешно управување  со пандемијата од корона вирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот