Лавров: Ќе им одговориме на САД ако воведат санкции кон Русија

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва сигурно ќе одговори ако САД воведат санкциите кон Москва поради осудениот опозиционер Алексеј Навални.

– Ќе им одговориме без грешка. Едно од основните правила на дипоматијата е реципроцитетот. Нема поента да коментирам таков чекор. Неколку пати повторивме што мислиме за нелегитимните еднострани санкции што ги планираат американските колеги, а кои се без основа. Тоа практично секогаш се случува, а потоа Европската Унија ги следи чекорите на САД, истакна Лавров.

Тој додаде дека САД немаат ништо да кажат за тврдењата за наводното труење на Навални.

– Сите што го лекуваа (Навални) ги кријат информациите кои би помогнале да сфатиме што навистина се случи. Наместо искрена соработка, тие почнуваат нас да не казнуваат. Нека им служи на чест, посочи Лавров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот