Лавров ја обвинува Британија го доведува конфликтот на „нови и опасни нивоа“

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров зборуваше за британското снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум. Тој рече дека овој потег го однел конфликтот „на нови и опасни нивоа“.

Велика Британија потврди дека ја снабдува Украина со ваков вид муниција која полесно продира во тенкови и оклопи.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли претходно изјави дека потегот не е нуклеарна ескалација во војната.

„Нема закана за Русија, се работи само за помош на Украина да се одбрани“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот