Лавров: Имунитетот на нацизам е ослабнат во некои земји во Европа

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Некои европски земји покажаа ослабен имунитет кон нацизмот, кажа денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во видео обраќањето пред учесниците на форумот „Лекции од Нирнберг”.

Шефот на руската дипломатија рече дека наследството од судењата во Нирнберг има огромно политичко, морално и образовно значење.

– Пред 75 години беше употребена моќна вакцина за да се спречи заживување на нацизмот во каква било форма. За жал, во некои европски земји имунитетот кон фашизмот, развиен во Нирнберг, значително се намали, рече Лавров.

Министерот истакна дека Русија ќе продолжи постојано да се спротивставува на секој обид за фалсификување на историјата, величење на нацистичките воени злосторници и нивните соработници, како и ревидирање на меѓународно признатиот исход од Втората светска војна, пренесе агенцијата Тасс.

– Русија ќе продолжи да ги брани вредностите на Нирнбершката повелба, Повелбата на Обединетите нации и целиот модерен светски поредок, посочи Лавров.

По Втората светска војна, во Нирнберг се одржаа судења на истакнати членови на политичката, воената и економската елита на нацистичка Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот