Лавров: Гасоводите ќе се градат и покрај санкциите од страна на САД

Фото: Профимедиа

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека проектите за гасоводот „Северен тек 2“ и „Турски тек“ ќе бидат остварени и покрај санкциите на САД, додавајќи дека Русија планира да одговори на новите мерки.

Во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог-закон со кој се предвидени санкции за фирми кои поставуваат цевки за „Северен тек 2“, кој има за цел да го удвои капацитетот на гасоводната линија кон Германија.

Европската унија исто така изрази спротивставување на санкциите на САД и портпарол на ЕУ изјави дека европските компании водат легитимен бизнис.

– Целта отсекогаш била да обезбеди дека „Северен тек 2“ ќе работи на транспарентен и недискриминаторски начин со соодветен степен на регулаторен надзор, рече портпаролот.

„Северен тек 2“ ќе и овозможи на Русија да ги заобиколи Украина и Полска и да испорачува гас под Балтичкото Море до Германија.

Преку „Турски тек“ Русија ќе ја снабдува Турција, но и земјите од Балканот и централна Европа со руски гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот