Лавров: Чешка и САД се на „црната листа” поради активности против Москва

Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY / HANDOUT MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT

Чешка и САД се ставени на „црната листа” непријателски држави на Русија поради нивните непријателски активности против Москва, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

– Нивните непријателски активности беа причина зошто донесовме одлука да ги изедначиме условите за нашите дипломатски мисии ангажирани на меѓусебни територии – за нашите во Чешка и САД и, следствено, за нивните во Русија, рече Лавров.

Како што пренесува руската агенција ТАСС, како конкретен чекор, кој е веќе најавен, Русија, како што рече Лавров, побара од двете земји да го намалат бројот на персонал ангажиран во Русија, и руски државјани и државјани на трети земји, на ниво еднакво на бројот на вработени во руските мисии во Чешка и САД. 

Лавров порача и дека стратешката стабилност мора да биде во фокусот на преговорите меѓу Русија и САД.

– Сè што на еден или друг начин влијае на стратешката стабилност, нуклеарното и ненуклеарното оружје, офанзивното и одбранбеното оружје мора да бидат на преговарачката маса (на Русија и САД), рече Лавров.

Тој рече дека со нетрпение ги очекува официјалните разговори (со државниот секретар на САД Ентони Блинкен), за кои рече дека ќе се овозможи трајно разјаснување на конкретните намери на САД во врска со односите со Русија и исто така во врска со позицијата на САД во однос на меѓународните прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот