Лавров: Бугарија со своите обвинувања кон Русија, одлучила да ја надмине Чешка

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY HANDOUT -- MANDATORY CREDIT -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Веднаш откако бугарското обвинителство објави дека спроведува истрага за руска вмешаност во четири експлозии во фабрики за муниција во Бугарија, следеше реакција од Русија.

– Периодот од 2011 до 2020 година, во кој Бугарија обвинува руски граѓани за организирање четири бомбашки напади во фабрики за оружје, создава чувство дека во своите обвинувања Софија одлучила да ја надмине Прага, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес-конференција, како одговор на новинарско прашање од агенцијата ТАСС.

Лавров истакна дека „временска рамка ги опфаќа последните десет години. Се чини дека или бугарската страна не знаеше ништо и дури сега, кога Чешка се потсети на настаните од 2014 година, одлучи да ги надмине Чесите и да погледне многу подлабоко во историската ретроспектива, или, пак, сето ова време тие знаеле што се случува, но од некакви причини не го објавија тоа јавно”.

Претходно денеска, портпаролот на бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев, Сијка Милева истакна на брифинг дека обвинителството споредува четири случаи на експлозии на магацини со муниција во нашата земја, во кои биле забележани сличности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот