Лавров-Борел: Да не се мешаме во внатрешните прашања на Западен Балкан

epa08988620 A handout photo made available by the press service of the Russian Foreign Affairs Ministry shows Russian Foreign Minister Sergei Lavrov (front L) and High Representative of the EU for Foreign Affairs and Security Policy, Josep Borrell (R) arriving to attend a joint news conference following their talks in Moscow, Russia, 05 February 2021. Josep Borrell is on a working visit to Moscow. EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY HANDOUT -- MANDATORY CREDIT -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ја повика ЕУ на зајакнување на соработката, но и да го почитува принципот на немешање во внатрешните работи на суверените држави на Западен Балкан.

-Би било добро да се договориме за принципите што вклучуваат обврска на немешање во внатрешните работи на суверените држави, како на Западен Балкан, така и кога станува збор за поранешните советски републики, порача Лавров.

По првиот дел од разговорот со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел во Москва, Сергеј Лавров оцени дека „постојат разлики” меѓу Русија и ЕУ, но и дека тие се „партнери кои имаат заедничка одговорност за заедничкиот евроазиски континент”.

-Се надеваме дека ЕУ, во контекст на дискусијата за стратешките односи со Русија, ќе донесе одлука за професионална, конструктивна и прагматична соработка, кажа Лавров, пренесува Танјуг.

Шефот на руската дипломатија ја истакнал важноста на соработката меѓу Руската Федерација и ЕУ во областа на економијата и трговијата и изразил надеж дека соработката во областа на енергетиката ќе се развива „во заеднички интерес”.

Лавров со жалење изјавил дека за време на пандемијата, кога беа потребни единство и солидарност, „некои во ЕУ ја искористија пандемијата и ја обвинија Русија за дезинформации”.

Тој повика на ставање крај на таканаречената „дезинформациска војна” и формирање на нови канали на комуникација засновани врз факти и професионализам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот