Лавров: Банката на БРИКС одобри 10 милијарди долари инвестиции

Новата банка за развој на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република) одобри инвестициски проекти во вкупна вредност од над 10 милијарди американски долари, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Зајакнувањето на стратешките партнерства со земјите од БРИКС е еден од приоритетите во руската надворешна политика. Во овој поглед, охрабрувачки е фактот што дијалогот во рамките на БРИКС доби многу добар интензитет во последните неколку години – изјави Лавров.

Од формирањето на БРИКС и претстојниот 11-от самит, со кој ќе претседава Бразил, пет држави станаа, како што тврди Лавров, столб на поправеден и демократски полицентричен државен поредок.

– Економијата е се уште составен дел од партнерството, особено затоа што вкупната економска моќ на БРИКС денес ја надминува моќта на земјите од Групата 7 – наведе Лавров.

Тој додаде дека Новата банка за развој работи успешно и одобри инвестициски проекти во вредност од повеќе од 10 милијарди американски долари.

Лавров исто така изрази уверување дека Самитот на БРИКС, што ќе се одржи на 13 и 14 ноември, ќе биде важна пресвртница во промовирањето на соработката помеѓу тие пет земји, во сите три области на стратешко партнерство – политичко, економско и хуманитарно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот