„Лавовите“ со бразилски шмек

Екипата на Македонија ЃП продолжува со засилувањата пред стартот на квалификациите за Лигата на Европа каде ги очекува ерменскиот Алашкерт.

Последна засилување за „лавовите“ е бразилскиот интернационалец Фернандо Аугусто Родригес де Араујо, кој игра во одбраната.

– Среќен сум што доаѓам во нова средина каде што сум прифатен од страна на соиграчите и стручниот штаб , нешто што знам дека ќе го возвратам со иста мера. Со нетрпение чекам да го облечам дресот и да го дадам својот придонес за што поуспешна сезона – изјави Фернандо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот