„Лавовите“ промовираа две нови засилувања

Екипата на Македонија Ѓорче Петров официјално ги промовираше првите две засилувања за пролетниот дел од шампионатот, Филип Петров и Мартин Ковачев.

Филип Петров доаѓа од редовите на велешки Борец, а претходно во кариерата има настапувано и за Вардар, Тетекс, Пелистер, а има интернационално искуство со настапи за српскиот прволигаш Јавор Ивањица.

Второто засилување е бугарскиот дефанзивец Мартин Ковачев кој доаѓа од екипата на Дунав Русе.

„Дојдов за успех, не само да помине сезоната. Целите на клубот се јасни, се освен Европа ќе биде неуспех!“ – истакна Ковачев по промоцијата во дресот на „лавовите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот