„Лавовите“ го решија Силекс

Трета победа по ред за фудбалерите на Македонија ЃП/фото: Македонија ЃП

Екипата на Македонија ЃП оствари убедлив триумф од 0:3 на гостувањето кај Силекс во последниот натпревар од 11. коло во првата македонска фудбалска лига.

Со оваа победа Македонија ЃП дојде до 22. бод на табелата и му се приближи на само еден на второпласираниот Шкупи, додека заостанува три бода од лидерот Шкендија.

Победникот беше решен во второто полувреме, „лавовите“ поведоа во 51. минута преку Фернандо по грешката на голманот на Силекс, Божиновски. Фернандо шутираше од 20-тина метри, а Божиновски погршено ја процени ситуацијата и дозволи топката да заврши во неговата мрежа.

Во 77. минута, Македонија ЃП поведе со 0:2 со голот на Кристијан Филиповски, а точка на убедливиот триумф стави на Калид Басил Абдул во 91. минута преку контранапад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот