Лавов ќе стане биде европска младинска престолнина за 2025 година

Лавов Украина
Лавов, Украина/Фото: Слободен печат/Кристина Атовска
Украинскиот град Лавов е прогласен за европска младинска престолнина за 2025 година, на свеченоста што се одржа во Театарот на опера и балет во Тирана.
Титулата ја врачи градоначалникот Ерион Велиај, со оглед на тоа што Тирана годинава ја носеше титулата Европска младинска престолнина, каде беа одржани над 1000 активности за млади.
– Соседите ни се важни! Соседите ни се важни кога се во зградата, дали тие се оние кои нè опкружуваат на училиште, на работа, но тие се поважни доколку се земјите што не опкружуваат. Како што доживуваме војна во Европа, како оваа во Украина, брутална агресија, сите разбираме дека не треба да ги земаме соседите здраво за готово, рекол Велиај за време на својот говор.
Во тесна конкуренција со Лавов биле Измир, Турција, Фуенлабрада, Шпанија и Тромсо, Норвешка.
Европската младинска престолнина е титула доделена од Европскиот младински форум, дизајнирана да го поттикне младинското учество и да го зајакне европскиот идентитет. Секоја година, нов европски град добива шанса да ги прикаже своите иновативни идеи, проекти и активности насочени кон подигнување на гласот на младите луѓе и воведување на нова младинска перспектива во сите аспекти на градскиот живот. Градот Лублин (Полска) ќе биде младински главен град на Европа за 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот