Лавина во Полска / фото: PAP/Grzegorz Momot

Лавина затрупа туристи во Полска, не се знае колкумина настрадале

Непознат број туристи денеска останале заробени под снегот кога ги затрупала лавина во близина на највисокиот врв во Полска, јавија локалните медиуми.

Повеќето од луѓето кои се нашле на местото успеале да побегнат неповредени кога снегот затрупал падина на Татрите.

Меѓутоа, едно лице со хеликоптер е пренесено во болница откако спасувачите го извлекле од под снегот, а состојбата на туристот не е позната.

Спасувачката операција се уште е во тек, бидејќи не се знае колку луѓе се затрупани.

Спасувачите со сонди го пребаруваат затрупаниот простор, проверувајќи дали под снегот има повеќе луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот