ЛАВИНА КОМЕНТАРИ: Нина, водење финансии не опфаќа купони за масажа и спа!

фото: Фејсбук

Откако и официјално беше предложена од страна на Заев за нова министерска за финансии, Нина Ангеловска на друштвената мрежа „Фејсбук“ објави статус во кој вели дека со гордост ја прифатила понудената можност.

„По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска. Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина“, стои во дел од статусот на Ангеловска.

По ова следеа лавина коментари од нејзините пријатели на оваа социјална мрежа, каде што многумина и честитаа за нејзината нова функција.

– Честитки Нина! Ти посакувам успех во предизвикот кој ти претстои.

– Честитки Нина од срце! Предизвикот и „залакот“ се многу големи! Но познавајќи те, ВЕРУВАМ во тебе, во твоето знаење, упорност и истрајност! Само напред!

– Честитки Нина! Посакуваме успеси и задоволства од сработеното!

Покрај бројните честитки и позитивни коментари, меѓу нив можеше да се забележи и по некој негативен. Дел од нејзините фејсбук пријатели и порачаа дека не и требало да влегува во политика, а некои „удрија“ и со политички пораки.

– На која држава само ако може да нагласиш?

– Нина со среќа, вистински браво за успесите, мене најискрено ми е криво што се впушташ во игра со највалканите „хиени“ во РМ.

– Се надевам дека ќе има субстанцијална координација, но и разграничување помеѓу ресорите економија и финансии. Уште повеќе се надевам дека немаш идеолошки проблеми со кои вообичаено се интоксицира ова министерство. Проблеми кои ги има и премиерот.

– Неверојатно е со каква леснотија луѓе се нафаќаат на нешто што ниту го разбираат, ниту имаат доволно животно искуство. Ентузијазам за промени?! Фискални политики?! Менаџерски способности?! технологии, модерно претприемништво, нови бизнис модели…?! Ти зборуваш за сектор економија, а не за финансии…

– Мислам дека воопшто немаш појма што значи водење финансии на една држава и креирање на макроекономски политики и што се тоа опфаќа. Сигурно не е продавање купони за попуст за масажа и спа…. Жал ми е што ќе си ја расипеш 5та што напорно си ја градела. Уште повеќе што се нафаќаш на ваква позиција во вакво време. Претпоставувам дека барем на момент си се запрашала зошто никој од поголемите економски умови во Македонија досега не се нафатил да биде министер по оставката на Тевдовски?!

– Почитувана Нина, да ја повториме првата лекција по основи на екомија од професорот Фити, целта за која се нафаќаш … време на технологии, вештини, развој на модерното претприемништво и нови бизнис модели, дигитални комуникации и производство…. е во надлежност на Министерството за економија или Министерството за информатичко општество. Министерот за финансии ниту задржува млади во земјата, ниту промените може да дојдат преку фискални политики туку баш тоа што го наброја,а што за жал не е во надлежност на Министерството за финансии. Сочувство до професорите од Економски за ова што го сведочат, тешко е и за нив, но и за нас како нивни студенти ќе издржиме ќе дојдат подобри времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот