Ла­ванда, ва­нила, јас­мин: Ми­ри­си за среќа, уба­ви­на и здравје

До­ка­жа­но е де­ка не­кои ми­ри­си мо­же да го ос­ве­жат на­ши­от ум, да ни по­могнат по­доб­ро и по­ве­ќе да пом­ниме. Не­кои други, пак, мо­же да нѐ на­те­ра­ат мал­ку по­ве­ќе да зап­не­ме на тре­нинг и веж­би­те што ги из­ве­ду­ва­ме да ни би­дат по­мал­ку на­порни. Не­кои аро­ми мо­же да нѐ раз­бу­дат, не­кои да нѐ сми­рат, не­кои да соз­да­дат чув­ство на блис­кост, а не­кои да ни пру­жат утеха.

За­поз­нај­те ги ма­гич­ни­те свој­ства на ла­ван­дата, ва­ни­лата, мен­тата, јас­ми­нот и ка­ко тие де­лу­ва­ат врз чо­веч­ки­от ор­га­ни­зам.

Ва­нила

Ако ви тре­ба уте­ха или свеж бран на кре­а­тив­ност, по­ми­ри­сај­те ја ва­ни­лата. Неј­зи­на­та аро­ма де­лу­ва сми­ру­вач­ки на емо­ци­ите,  го пот­тик­ну­ва умот на кре­а­ци­ја и има аф­ро­ди­зи­јач­ки свој­ства.

Image result for vanilla plant

Ла­ванда

Ла­ван­да­та е бла­го­ро­ден и сми­ру­вач­ки ми­рис, кој мо­же да ве до­ве­де до зен сос­тојба. Кап­не­те не­кол­ку ка­п­ки на ва­ша­та пер­ни­ца мас­ло од ла­ван­да или во сред­ство­то за ту­ши­ра­ње и за крат­ко вре­ме ќе по­то­не­те во сла­док сон.

Ге­ра­ниум

Мно­гу­ми­на го обо­жа­ва­ат не­го­ви­от ми­рис и е до­ка­жа­но де­ка пот­тик­ну­ва од­ре­де­ни под­рач­ја во мо­зо­кот за­дол­же­ни за хормо­нал­ни­от ба­ланс, што мо­же да ви по­мог­не да си ги олес­ни­те те­го­би­те на ПМС-от.

Мента

Мен­та­та ќе ви по­мог­не ус­пеш­но да го из­веж­ба­те ва­ши­от тре­нинг: неј­зи­ни­от ми­рис ќе ве пот­тик­не да би­де­те по­мо­ти­ви­ра­ни во веж­ба­њето, а са­ми­те веж­би ќе ви се чи­нат по­лесни.

Јас­мин

Ми­ри­сот на цве­тот на јас­мин ис­пуш­та хе­ми­ка­лии на доб­ро рас­по­ло­же­ние, ги на­ма­лу­ва те­го­би­те и да­ва по­лет, а не­го­ви­от чај по­ма­га при сла­бе­е­њето.

Зр­но кафе

Ќе ве сми­ри и ќе ве нап­ра­ви по­мал­ку раз­драз­ли­ви по неп­рос­пи­е­на­та ноќ.

Ли­мон

Исце­де­те не­кол­ку ка­п­ки ли­мон до­де­ка ра­бо­ти­те или ко­га под­гот­ву­ва­те ис­пит. Ми­ри­сот ќе ви го изос­три умот и ра­бот­на­та спо­соб­ност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот