Лаутаро откри дека минатото лето бил на чекор од трансферот на кариерата

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез речиси за време за целата 2020 година беше поврзуван со трансфер во Барселона, а сега откри дека бил многу блиску до преселба на „Камп Ноу“.

Лаутаро за „Газета дело Спорт“ изјави дека неговите агенти работеа на трансферот во Барселона, кој на крајот не се реализира. Барселона во време на пандемијата на коронавирусот немаше пари за трансферот, Интер инсистираше да се плати клаузулата од 111 милиони евра.

Вистина е, моите агенти и јас преговаравме со Барселона минатата година. Не можам да кажам колку бевме блиску до реализација на трансферот, но знам дека тоа сега е минато. Мојата желба е да потпишам нов договор со Интер – изјави Лаутаро Мартинез.
Аргентинскиот репрезентативец исто така откри дека ги договорил личните услови со Барселона за петгодишниот договор, но двата клупа не најдоа заеднички јазик за плаќањето на отштетата по што трансферот не се реализира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот