Лаутаро го соопшти конечниот став, едно „не“ и едно „да“

twitter/AfricaZilla

Аргентинецот имаше одлична сезона во дресот на Интер се до прекинот на првенството.

Лаутаро Мартинез се очекува да биде една од главните ѕвезди во летниот преоден рок, фудбалерот на Интер е голема желба на Барселона, а со денешниот потег се чини дека е позната судбината на одличниот напаѓач.

Според италијанските медиумите, Лаутаро Мартинез ја одби понудата на
Интер да потпише нов договор и јасно и порачал на управата дека неговата желба е на лето да се пресели во Барселона.

Според актуелниот договор кој трае до 2023 година, Мартинез има клаузула во која помеѓу 1. и 15. јули може да го напушти Интер доколку некоја екипа плати 111 милиони евра.

Во Барселона се свесни дека ги немаат потребните пари за да ја активираат клаузулата, но со денешната одлука на Лаутаро, се надеваат дека Интер ќе се согласи на помалку пари и за возврат ќе добие неколку фудбалери.
Интер изминатава недела ги шокира челниците на Барселона со барањето покрај 90 милиони евра да ги добијат Артуро Видал и Антоан Гризман на позајмица.

Шпанскиот тим ја одби оваа понуда и освен Видал ги нуди Жуниор Фирпо, Карлес Алења и Нелсон Семедо плус пари.

Лаутаро на „Камп Ноу“ освен пријателот Лионел Меси го чека и петгодишен договор кој ќе му гарантира 10 милиони евра плус бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот