„Лауреус“ ги објави номинациите, Ѓоковиќ нема да ја брани титулата

фото: твитер

Кандидатите да го наследат Ѓоковиќ се Ф1 шампионот Луис Хамилтон, првиот светски рекет Рафаел Надал, најдобриот светски фудбалер Лео Меси..

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, четирикратниот добитник на наградата „Лауреус“ и бранител на титулата, не е помеѓу кандидатите за најдобар спортист на светот во 2019. година, беше соопштено од оваа угледна Фондација.

Кандидати да го наследат Ѓоковиќ се возачот на Формула 1, Луис Хамилтон (Велика Британија), атлетичарот Елиуд Кипчоге (Кенија), мотоциклистот Марк Маркес (Шпанија), фудбалерот Лионел Меси (Аргентина), тенисерот Рафаел Надал (Шпанија) и голферот Тајгер Вудс (САД).

За најдобра спортистка конкурира гимнастичарката Симин Бајлс (САД), која ќе има можност да ја одбрани титулата од минатиот избор.

На оваа листа се наоѓаат уште атлетичарките Алисон Феликс (САД) и Шели Ен Фрејзер-Прајс (Јамајка), тенисерката Наоми Осака (Јапонија), фудбалерката Меган Рапино (САД) и скијачката Микаела Шифрин (САД).

Во конкуренција за најдобра екипа се фудбалскиот клуб Ливерпул (Велика Британија), Формула 1 конструкторскиот тим Мерцедес-АМГ Петронас (Германија), рагби репрезентацијата на Јужна Африка, кошаркарската селекција на Шпанија, НБА кошаркарскиот клуб Торонто Репторс (САД) и женската фудбалска репрезентација на САД.

За наградата „пробив на годината“ конкурираат Бјанка Андрееску (тенис), Еган Бернал (велосипедизам), Коко Гоф (тенис), рагби репрезентацијата на Јапонија, Енди Руис (бокс) и Реган Смит (пливање).

За наградата „кам-бек на годината” се номинирани Нејтан Едријан (пливање), Софија Флорш (рели), Кристијан Леалифано (рагби), Кавај Ленард (кошарка), фудбалерите на Ливерпул и Енди Мареј (тенис).

За најдобрите ќе одлучува жири од 68 членови, а наградите ќе бидат доделени на 17 февруари во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот