Латвија ја прогласи Русија за спонзор на тероризам

Латвија знаме/ Фото Gints Ivuskans / AFP / Profimedia

Летонските пратеници денеска усвоија изјава со која ја прогласија Русија за „држава спонзор на тероризмот” и нагласија дека нејзините акции во Украина претставуваат „насочен геноцид врз украинскиот народ”.

Во соопштението се вели дека Парламентот „ја признава Русија како држава спонзор на тероризмот и ги повикува другите земји истомисленици да го изразат истиот став”.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на својот Твитер профил се заблагодари за ваквата одлука на Латвија.

Русија одамна го заслужи овој статус со своите постапки во Украина и пошироко. Украина ги охрабрува другите држави и организации да го следат примерот, напиша Кулеба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот