„Last Expedition“ со нова верзија на „Шефе“ – за XXI век (ВИДЕО)

Фото: Промо

Конечно, по подолги подготовки, новата верзија на спотот за песната „Шефе“ ја здогледа светлината на денот.

Култниот хит на „Last Expedition“ од втората половина на 90-те, овој пат претставен како „Expedition + пријателите“, е македонско-американско канадска копродукција.

Клавијатурите, миксот и продукцијата се на Давор Јордановски, гитарите на Кире Најдовски, тапанот го удираше Joe Lana Junior, а басот Brad Johnson.

Интересниот спот, за вториот живот на „Шефот“ го монтираше Благоја Неделковски, според идејата на Енко.

Иако старите верзии на „Шефе (песната и спотот) го имаат култниот статус, актуелниот „Шеф“ е Big Boss на 21-от век.

– Се потрудивме новата верзија да биде градска, народска, светска и не знам уште што. Али мислиме дека успеавме у све, а патем речено да не ја оштетиме – велат од штабот на „Последната Експедиција“.

Во спотот учествуваа, меѓу другите: Сецко, Енко, Диме, Влатко, Салпе, Драгче, Сашко, Ленин и Ноќни Волци, Ален, Ева…

Како и: Фриц, Панки, големиот мајстор за коли Аце Флојд и колегите, Ристе Мерцедес, Кристијан Габроски…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот