Ласло Хањец е Американецот што пред 11 години прв плати пица со Биткоин: Сега се кае дека потрошил толку пари

пица

Пред 11 години, на 22.05.2010 година, Американецот Ласло Хањец влезе во историјата.

Тој тогаш беше првата личност што ја искористи тогашната малку позната виртуелна валута Биткоин за да плати нешто во реалниот свет.

Лари Кинг предвиде, Илон Маск твитна и предизвика револуција во „зеленото рударење“ за спас на планетата: Блумберг се обидува да открие кој стои зад „зеленото“ крипто ЕлонСпејс

Ласло Хањец тогаш платил 10 илјади биткоини за две пици, кои во тоа време вределе околу 40 долари.

Бидејќи биткоинот се здоби со популарност со текот на годините, 22 мај стана познат и како „Bitcoin Pizza Day“.

Со текот на годините, Хањец во неколку наврати истакнал дека не му е жал што потрошил 10 илјади биткоини за два пици, иако, кога ќе се претворат во денешна вредност, тие 10 илјади биткоини би вределе околу 302,3 милиони евра.

Распродажбата на биткоини, која започна во средината на минатата недела, продолжи за време на викендот. За време на викендот најпознатата дигитална паричка вредеше далеку под 40 000 американски долари, што е драстичен пад во споредба со неодамнешниот резултат – кога достигна висина од над 60 000 долари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот