Лашоска: ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради автопат Прилеп-Битола до јужна граница и ќе ја гасифицира Македонија

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе реализираме изградба на автопатско решение Прилеп-Битола до грчка граница, и продолжување на експресниот пат Прилеп градско. Исто така ветуваме 1000 километри  магистрални, регионални и локални патишта. А сигурно ќе ги довршиме и патиштата кои што беа прекинати, изјави  Ане Лашкоска, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4,  во Топ Тема на Телма телевизија.

Лашкоска истакна дека граѓаните можат да бидат сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го исполни ова ветување затоа што тие се единствените кои во минатото градеа автопатишта, магистрални и регионални патишта,   како и изградба на и реконструкција на железничка пруга.

– Јас морам да споменам за ветувањата на СДСМ кога ветува 550 километри магистрални и регионални  патишта,  600 километри автопат и експресни патишта, 1000 километри локални патишта,  меѓутоа за жал ништо од тоа не видовме, освен запирање на почнатото како во случајот на патот  Прилеп- Градско, вели Лашкоска

Таа истакна дека овој проект е запрен бидејќи изведувачот си замина и ја тужи државата бидејќи владата на СДСМ се обидела да изврши индиректен рекет врз компанијата.

– Подизведувачите јасно укажуваат зошто си заминала шпанската фирма. Последните средства кои биле уплатени на таа компанија ги платила ВМРО-ДПМНЕ пред заминување, за потоа 5 до 6 месеци работеле без да им биде исплатена работата притоа добивајќи уцени, притисок од раководните структури на СДСМ за да ги сменат подизведувачите. Тоа е индиректен рекет и затоа пресметале дека е подобро да ја тужат државата. За жал штетата заради СДСМ е на товар на Република Македонија и на граѓаните., потенцираше Лашкоска.

Таа истакна дек ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на гасификација на Македонија носење на гасот прво до стопанствата и фабриките, а потоа и до секое домаќинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот