ЛАПСУС: Во Саудиска Арабија мислат дека во Македонија се зборува на бугарски јазик

Репрезентациите на Македонија и Украина досега се сретнале петпати/ фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски по четири години поминати во англискиот Лидс, ова лето се одлучи како слободен играч да ја промени средината и потпиша за Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Алиоски во Ал Ахли пристигна како голема ѕвезда, тој е меѓу најголемите ѕвезди во Саудиската професионална лига (СПЛ), но официјалниот Твитер профил на оваа лига направи неверојатен лапсус.

Имено, на англиската твитер верзија на СПЛ е поставена е анкета за гласање за омилениот фудбалер во лигата, и очекувано меѓу кандидатите е и македонскиот репрезентативец.
Но, администраторите на СПЛ направија голем лапсус иако статусот е напишан на македонска јазик „Гласајте за вашиот омилен играл во Саудиската лига, Езгјан Алиоски“, на фотографијата на Алиоски пишува „гласајте за мене“, но не на македонски, туку на бугарски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот