Лапсус на американскиот претседател за време на предизборен собир во Мичиген: Трамп го нарече Макрон премиер

Фото: EPA-EFE/KAMIL KRZACZYNSKI

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој е во кампања за реизбор на функцијата, за време на собир во Мичиген го нарече неговиот француски колега, Емануел Макрон како премиер.

Фалејќи се со новиот договор за слободна трговија со Канада и со Мексико, Трамп изнесе мислење и за климатаскиот договор од Париз што САД го напуштија по неговата победа на изборите во 2016 година.

– Знаете ли зошто се повлеков од парискиот климатски договор? – Многу го сакам премиерот Макрон, но го прашав како напредува договорот, а тие навистина не успеваат во тоа, додаде Трамп.

Претседателите на САД и на Францијна воспоставија блиски односи по изборната победа на Макрон за подоцна да се нарушат во голема мера, забележуваат странските медиуми.

Трамп во моментот оди од собир на собир во неколку важни американски сојузни држави за да ја намали разликата во анкетите зад демократскиот кандидат за претседател, Џо Бајден до изборите што се закажани на 3 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот