Лапорта за „случајот Меси“: Не можам да донесам одлука која ќе ја уништи Барса

Претседателот на ФК Барселона, Жоан Лапорта/Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Претседателот на фудбалскиот клуб Барселона, Жоан Лапорта одржа прес-конференција, на која објасни зошто Лионел Меси го напушти клубот.

Аргентинецот се раздели со Барса по речиси 20 години, а сè уште не е познато каде ќе ја продолжи професионалната кариера. Најдобриот играч во историјата на клубот си замина, а претседателот мораше да објасни зошто тоа се случи.

Иако фудбалерот и клубот постигнаа договор и имаа желба да го потпишат, не можеа да го реализираат поради економски и структурни пречки, објави ФК Барселона.

– Да објаснам пред јавноста што се случи со Лионел Меси и зошто си замина од нашиот клуб. Финансиските загуби се поголеми отколкаку што очекувавме. Платите на играчите се премногу високи. Финансискиот фер-плеј исто така нè блокира.

Не можам да донесам одлука што ќе ја уништи Барселона, а таа како клуб е најважна. Бројките што ги направивме по прогнозите за првата ревизија се многу полоши од она што ни беше кажано и она што го очекувавме. Ние сме институција. Благодарни сме на Лео за сè што направи.

Дали Меси има повторно шанси да потпише за Барселона? Не сакам да ви давам лажна надеж. Имавме рок до кога тој може да потпише и не го исполнивме. Сега тој размислува за други опции – рече претседателот на Барселона, Лапорта.

ВИДЕО: За сите времиња – мајсториите на неповторливиот, фудбалскиот „магионичар“ Лео Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот