Лапорта: Убеден сум дека Меси сака да остане во Барселона

EPA-EFE/Spanish Royal Soccer Federation

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е убеден дека најдобриот фудбалер на клубот, Лионел Меси ќе остане на „Камп Ноу“ откако клубот вчера триумфира во Кралскиот клуб.

Барселона на убедлив начин славеше во финалето на Кралскиот куп со 4:0 против Атлетик Билбао. Гризман и Де Јонг и донесоа предност на Барселона, а победата со два гола ја завери токму Меси.
– Меси е најдобриот фудбалер на светот кој е поврзан со клубот. Убеден сум дека сака да остане и ќе направиме се што е во наша моќ за да биде така. Против Атлетик видовме дека тој е опкружен со одлични фудбалери – изјави Лапорта кој додаде дека е задоволен како функционира клубот.

Куман и екипата работат многу добро и среќен сум поради нив. Се надевам дека ова е првиот од многуте трофеи кои ќе ги исвоиме.
Барселона сè уште има шанси и за титулата во Ла Лига бидејќи на осум кола до крајот, екипата се наоѓа на третото место на табелата со два бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид и еден од Реал Мадрид.

ВИДЕО: Барселона го освои „Копа дел Реј“, Меси прогласен за МВП!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот