Лапорта: Треба да бидеме претпазливи, неопходна е Суперлигата!

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Флорентино Перез и Андреа Ањели како најмоќни ја бранеа идејата за Суперлигата, другите молчеа сè додека не пропадна проектот, а потоа почнаа да се извинуваат.

Но, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта – кој ја презеде таа функција на почетокот од годината, кога клубот веќе беше заглавен во долгови од околу 1 милијарда евра, излезе во јавноста со свој став околу проектот:

– Треба да бидеме претпазливи. Суперлигата е неопходна. Но, навивачите ќе го кажат последниот збор. Големите клубови носат голем дел од заработката и нашиот глас за економска дистрибуција мора да се слушне – изјави Лапорта пред новинарите.

Да потсетиме, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин претходно изјави дека Барселона го разочарала малку помалку од другите, токму затоа што Лапорта беше на фотелјата само неколку месеци, додека Хосеп Марија Бартомеу пред да замине од функцијата објави дека Блауграна е за Суперлигата. Лапорта тогаш си купи време префрлајќи ја конечната одлука на членовите на клубот.

Неверојатни вести од Шпанија: Суперлигата не ја срушија навивачите и УЕФА, туку еден од најмоќните европски политичари

За разлика од Англичаните, тој не се извинува. Напротив, се чини дека тој во принцип е и за повеќе пари за големите. Со една напомена…

– Суперлигата мора да биде атрактивно натпреварување засновано врз спортски резултати. Но, потребни ни се повеќе средства за да приредиме едно големо шоу. Имаше притисок врз некои клубови, но предлогот сè уште постои. Инвестираме сериозно, платите се високи и сето тоа треба да се земе предвид. Воедно мора да се размислува на ист начин како и спортските заслуги – додаде Лапорта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот