Лапорта: Најдобриот фудбалер на светот ја сака Барселона

epa08978590 FC Barcelona's striker Lionel Messi warms up prior to the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Athletic Club Bilbao held at Camp Nou stadium, in Barcelona, Spain, 31 January 2021. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта верува дека ќе успее да го задржи Лионел Меси на „Камп Ноу“.

Лапорта вчера беше избран за претседател на Барселона и очекувано едно од првите прашања беше поврзано со иднината на Лионел Меси.
– Поминаа точно 20 години откако момчето по име Лео Меси дебитираше за тимот на Барселона до 13 години. Тоа што најдобриот фудбалер на светот на гласање пристигна со својот син, потврдува дека Лео ја сака Барселона. Најдобриот фудбалер на светот го сака овој клуб и се надевам дека поради тоа ќе остане – изјави Лапорта.

Договорот на Лионел Меси истекува на крајот од сезоната. Минатото лето Меси сакаше да си замине од Барселона, но тогашниот претседател Хосеп Марија Бартомеу не му дозволи да си оди без обесштетување и поради тоа Аргентинецот одлучи и оваа сезона да остане на „Камп Ноу“.

Жоан Лапорта се врати на чело на Барселона по 11 години, во првиот мандат (2003-2010) каталонскиот клуб освои четири титучи во Ла Лига, две во Лигата на шампионите, три Суперкупа на Шпанија и по еден Кралски куп, европски Суперкуп и ФИФА светски клупски куп.

Барселона има нов претседател, Меси останува на „Камп Ноу“?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот