Лапорта им објави војна на Сити и на ПСЖ: Зад нив стојат „фабрики за пари“

фото: PA-EFE/Alejandro Garcia

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта уште еднаш повтори дека не се откажува од проектот европска Суперлигата, а притоа им објави „војна“ на Манчестер сити и на ПСЖ, клубови кои се во сопственост на кралски арапски семејства.

Сити е во сопственост на емирот на Обединетите Арапски Емирати, додека ПСЖ е во рацете на кралското катарско семејство.

Според првиот првиот човек на Барселона, не треба да се дозволи европскиот фудбал и најголемите клубови да паднат во рацете на држави кои не се дел од Европската Унија.  Од минатата сезона и екипата на Њукасл е во рацете на арапски сопственици, нов државниот саудиски инвестициски фонд кој е под директна контрола на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

– Не можеме да дозволиме европскиот фудбал да падне во рацете на држави кои не се дел од Европската Унија. Очигледно е дека зад Сити и ПСЖ стојат „фабрики за пари“ и ние ќе се бориме против тоа – изјави Лапорта за државната шпанска телевизија ТВЕ.

Тој потоа изјави дека не се откажува од проектот европска Суперлига.

– Ќе продолжиме да се бориме. Претседателот на Реал, Флорентино Перез и јас ќе продолжиме да го промовираме проектот европска Суперлига и само така можеме да го спасиме европскиот фудбал. Не сме само Барселона, Реал и Јувентус, мора да се истакне дека имаме поддршка и од останатите екипи што беа дел од Суперлигата  и сега молчат, но, не поддржуваат од сенка – додаде Лапорта.

Тој исто така смета дека екипите што би учествувале во Суперлигата нема да ги напуштат националните првенства, туку календарот на евентуалното ново натпреварување ќе биде направен така да не трпат домашните лиги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот