Лапорта е сериозен конкурент на Фонт за претседател на Барса, најавува две трансфер бомби

Претседателските избори во Барселона ќе се одржат на 24. јануари, а главни фаворити за наследник на Хосеп Марија Бартомеу на чело на каталонскиот клуб се Виктор Фонт и Жоан Лапорта.

Лапорта кој веќе претседател на Барселона од 2003 до 2010 година, период кој се смета за еден од најдобрите во историјата на клубот, веќе се договори со Матио Алеманџи кој работеше во Валенсија да биде нов спортски директор.

Алеманџи беше директор во Мајорка кога екипата триумфира во кралскиот Куп, а претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се обидуваше да го анагажира но не успеа да најде заеднички јазик.

Во Валенсија успеа да направи реконструкција на екипата, да донесе играчи како Кондогбија и Гуедеш, но и некои млади фудбалери на кои неколкукратно им се зголеми цената.

Според последните анкети, Лапорта има блага предност пред вториот сериозен кандидат за челната позиција, Виктор Фонт, кој пак зад себе го има Чави Ернандез и кој треба да биде новиот тренер на „каталонците“.

Лапорта е во одлични спомени кај фановите бидејќи тој ги донесе Френк Рајкард, Роналдињо и Пеп Гвардиола и под негово водство е направена револуција и младите играчи од академијата Ла Масија станаа носители на играта.

Покрај Алеманџи, Жоан Лапорта ветува две трансфер бомби од кои втората ќе ги фрли фановите во транс.

Давид Алаба/EPA-EFE/Alexander Hassenstein

Првото ветување е дека доколку биде избран за претседател ќе го донесе Давид Алаба од Баерн Минхен. Се шпекулира дека усен договор со Алаба кој на крајот од сезоната ќе стане слободен играч, да дојде на „Камп Ноу“.

Ерлинг Халанд/EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Второто ветување е гол машината на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Лапорта за разлика од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој исто така работи на трансфер на Халанд, е во одлични односи со агентот на Норвежанецот, Мино Рајола, и ветува дека ќе дојде до договор за трансфер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот