Лапорта: Чави е подготвен да биде новиот тренер на Барса

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона/фото: EPA-EFE/Alejandro García

Наскоро се очекува Барселона да го промовира својот нов тренер, клупската легенда Чави кој досега го водеше катарскиот Ал Сад.

Во текот на денот Катарците потврдија дека нивниот досегашен стратег ќе ја продолжи тренерската кариера на „Камп Ноу“.

Не така долго потоа каталонските медиуми пренесоа информации дека ништо не е договорено, и дека Барселона не е подготвена да плати пет милиони евра за „слободата“ на Чави.

В сабота од 16.15 часот Барса ќе има нов натпревар во шпанската „Ла Лига“ на гостински терен против Селта Виго, а на клупата на каталонскиот гигант се очекува за последен пат да биде привременото решение Сержи Бархуан.

Покрај навивачите, доаѓањето на Чави го очекува и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

– Чави е подготвен да биде нашиот нов тренер. Се подготвуваме за потпишување на договорите – потврди Лапорта за „Мундо Депортиво“.

Истата информација ја објави и познатиот новинар Фабрицио Романо на својот Твитер профил во чија објава стои и дека Чави ќе потпише договор кој ќе трае до јуни 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот