Лани играа во групната фаза, сега ќе се соочат со Шкендија!

Фото: sport.aktuality.sk

Шкендија после шокантната елиминација во првото квалификациско коло во ЛШ од естонскиот Номе Калју, меѓународните настапи ги продолжува во Лига Европа.

Откако на првиот меч во Луксембург резултатот беше 2:2, денеска на возвратниот дуел исто така немаше победник (1:1).

Па токму поради тој постигнат гол на гости Валета оди во 2. квалификациско коло на ЛШ, а Дуделанж продолжува во 2. квалификациско коло на Лига Европа каде што ќе ги одмери силите против Шкендија. Првиот меч тетовските „црвено-црни“ ќе го играат во Скопје на 25 јули, а реваншот е на 1 август во Луксембург.

Дуделанж минатата сезона играше за првпат во групите на Лига Европа, против екипите на Реал Бетис, Олимпијакос и Милан. Успеа дури и да освои еден бод, нерешено дома со Реал Бетис (0:0) кој на крајот беше и првопласиран.

Дуделанж во минатото се има сретнато против македонски екипи во евркуповите, во сезоната 2002/03 беше елиминиран од Вардар во 1. квалификациско коло на ЛШ (1:1, 0:3). А во сезоната 2006/07 исто така во стартната квалификациска рунда на ЛШ беше исфрлен од Работнички (0:1, 0:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот