Лани до Европравда отворени 23 предмети од Северна Македонија

Покрај зголемениот број на новоотворени предмети, минатата година ја одбележа и тоа што Република Северна Македонија за првпат ја искористи можноста преку Европравда да побара асистенција при обезбедувањето на меѓународната правна помош.

Од назначување на Ленче Ристова, како обвинител за врска меѓу Република Северна Македонија и Европравда, во оваа меѓународна институција е зголемен бројот на предмети од нашата држава, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Оттаму потенцираат дека денеска министерката за правда Рената Дескоска, оствари средба со претседателот на Европравда, Ладислав Хамран и обвинителот за врски на Северна Македонија во Европравда, Ленче Ристоска.

На состанокот било разговарано за соработката со Европравда и Годишниот извештај за функционарањето на канцеларијата за врски на Република Северна Македонија во Европравда за 2019 година.

Претседателот на Европравда во своето обраќање презентирал статистички податоци од ноември 2018 година – навака, кои укажуваат на зголемување на соработката откога Република Северна Македонија има свој претставник во Европравда (EUROJUST).

Иако официјално соработката на нашата држава со Европравда започнува во 2009 година, Република Северна Македонија за првпат номинираше јавен обвинител за врски во Европравда во 2018 година.

-Тоа е причината поради која бројот на новоотворени предмети во кои е вклучена Република Северна Македонија е во пораст. Така, за разлика од 2017 година, кога биле отворени само четири нови предмети, во 2018 година, бројот на новоотворени предмети е 11, додека пак во 2019 година, бројот на новоотворени предмети е 23, информираат од Министерството за правда.

Покрај зголемениот број на новоотворени предмети, минатата година ја одбележа и тоа што Република Северна Македонија за првпат ја искористи можноста преку Европравда да побара асистенција при обезбедувањето на меѓународната правна помош.

Министерката Дескоска истакна дека неодамна бил усвоен новиот Закон за Јавното обвинителство кој го зајакнува системот за борба против организиран криминал и корупција со гаранции за независност при одлучувањето и финансирањето и изрази благодарност за досегашната соработка со Европравда.

Европравда е тело на Европската унија кое не е овластено да истражува и гони кривични дела, туку е задолжено за справување со судската соработка во обезбедување на меѓународна правна помош во кривични предмети, преку координирање на истрагите и обвиненијата и стимулирање и унапредување на соработката помеѓу надлежните органи за борба против криминалот на државите-членки на ЕУ и на државите со кои Европравда има склучено договори за соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот