Ландо Норис го искористи киксот на Хамилтон и ја освои пол позицијата во Сочи

Сегашните околности поради конфликтот не дозволуваат Ф1 трка во Русија/Фото: EPA-EFE/Yuri Kochetkov

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицината на утрешната трка за Големата награда на Русија која ќе се вози во Сочи.

Норис најбрзиот круг го извозе во време од 1:41.933 минути, што беше за 517 стотинки побрзо од второпласираниот Карлос Саинс од Ферари.

Третото најбрзо време во квалификациите го имаше возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, додека актуелниот шампион Луис Хаммилтон по своја вина го освои четвртото место.

Имено, Хамилтон во последната квалификациска сесија кога имаше најбрзо време, тргна во боксот на замена на пневматиците и притоа удри во заштитната ограда со што го оштети болидот. Потоа немаше време да ги загрее пневматиците поради што не можеше да се бори за подобар пласман.

Од петтото до десеттото место се пласираа Даниел Рикиардо, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Ленс Строл, Серхио Перес и Естебан Окон.

Лидерот во генералниот пласман, Макс Ферстапен на утрешната трка ќе тргне од последниот ред поради казната која ја доби за замената на погонската единица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот