Лана Дел Реј се сврши со музички менаџер: Неодамна била видена со голем дијамантски прстен

Profimedia
Фото: XPUSNYC / Backgrid UK / Profimedia

Пејачката Лана Дел Реј се свршила со музичкиот менаџер Еван Виникер, објави „Билборд“. Парот е во врска неколку месеци, но ретко се гледани заедно во јавност.

Тие се многу таинствени за својата врска, и не објавуваат ништо ни на социјалните мрежи. Гласините во врска со свршувачката започнаа на почетокот на месецот, откако Лана беше видена на настанот „Билбордови жени на годината“, кога на раката носела прстен со голем дијамант.

Виникер порано бил дел од бендот „Стил треин“ со продуцентот Џек Антоноф, кој соработувал со Лана Дел Реј на неколку нејзини проекти, вклучувајќи го и најновиот албум.

Иако Лана ретко зборува за својот приватен живот, на јавноста ѝ се познати нејзините љубовни врски. Пред Виникер, таа била во врска со музичарот Џек Донагу, а се зборуваше дека на почетокот 2022 била во врска со фронтменот Салем.

Пред него Лана била во врска со кантри пејачот Клејтон Џонсон, кој го запознала на апликацијата за состанување. Се зборуваше и дека двајцата се свршиле во 2020, но на крајот ја прекинале свршувачката и никогаш не зборувале за тоа.

Во една прилика Лана опиша какви партнери сака.

„Имам афинитет кон добри, силни и самоуверени луѓе“, изјавила пејачката за „Ролин Стоун“ во 2014.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот