Лампард за можниот трансфер на Хаверц во Челси!

фото: твитер

Менаџерот на Челси, Френк Лампард ги коментираше постојаните шпекулации во врска со интересот на клубот за германскиот талент Каи Хаверц.

Тој е врвен играч, но јас нема да коментирам играчи од други клубови. Од наша страна не е испратена никаква понуда – рече Лампард.

В четврток лондончани ќе бидат домаќини на Манчестер сити, со надеж дека ќе направат уште еден чекор кон квалификациите за Лигата на шампионите.

Официјално: Тимо Вернер е нов играч на Челси

Лампард рече дека нема проблеми со повредите во тимот. Со оглед на зафатениот циклус, се очекуваат ротации во составот.

Секој натпревар е можност да се види развојот на тимот. Против Астон Вила беше убаво да се види карактерот на играчите. Против Сити сакаме да бидеме на ова ниво. Сакаме да ја намалиме разликата. Манчестер сити вложи многу напор во последните години – додаде поранешниот англиски репрезентативец.

Тој зборуваше и за Вилијан и Педро, кои ги продолжија договорите до крајот на сезоната, а потоа најверојатно ќе го напуштат „Стемфорд бриџ“.

Ние сè уште разговараме со играчите, особено Вилијан. Се чувствувам уверен дека тие ќе останат. Продолжуваме да зборуваме и ќе видиме – се зборовите на Лампард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот